Тешка сообраќајка во Скопје, со мотор се забил во камион, две лица хоспитализирани
Македонија Почетна Случувања

Тешка сообраќајка во Скопје, со мотор се забил во камион, две лица хоспитализирани

Во 13.45 часот вчера на улица „Бледски договор“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Виктори Џиоти“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 36 годишниот С.З. од Скопје и мотоцикл марка „Пјаџо“ исто така со скопски регистарски ознаки, управуван од страна на 38 годишниот А.Ј. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, 35 годишната А.Б. од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј.

Веднаш биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.