Трагедија: Средношколец починал на екскурзија по пад од прозорец
Почетна Регион Случувања

Трагедија: Средношколец починал на екскурзија по пад од прозорец

17 годишен ученик во Средното техничко училиште за графички технологии, дизајн и мултимедија од Илиџа, вчера го загуби животот по пад по пад од прозорец на хотел во Прага во кој престојувале. Учениците заедно со нивните ментори биле на школска, групно организирана екскурзија.

“Трагедијата се случила на школска екскурзија, вчера вечер околу 20 часот при пад од прозорец, животот го загубил ученикот А.М.” – стои во сооштението од министерството за образование во Босна.  

Причината за падот од прозорец и тоа под кои околности се случило се уште не е позната. Училиштето ја прекинува екскурзијата и се враќаат дома.