Трагедија во Куманово: Тинејџерка починала по повреда од пад на статива
Македонија Почетна Случувања

Трагедија во Куманово: 13 годишна тинејџерка починала по повреда од пад на статива

На 14.08.2019 година во 17,15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека во Медицинскиот центар во Куманово била донесена 13 годишна малолетничка од Р.Хрватска, со привремен престој во Република Македонија, со повреди на главата, кои ги здобила при пад на статива на ракометно игралиште на улицата „Народна револуција“. 

Од здобиените повреди девојчето починало. По наредба на јавен обвинител телото на почината е предадено на семејството.