Уапсена победничка на ријалити шоу: Чувала загрозен вид мечка во својот стан, мислела дека е куче
Почетна Свет Случувања

Уапсена победничка на ријалити шоу: Чувала загрозен вид мечка во својот стан, мислела дека е куче

Една жена од Куала Лумпур е уапсена откако кај неа е откриена мечка од загрозен вид која ја одгледувала.

Жената живее во стан и објаснува дека мечката е пронајдена покрај патот и ја зела бидејќи била многу мала и мислела дека се работи за куче.

На 6 јуни, соседите биле шокирани кога слушнале чудни звуци од горните катови на зградата. Потоа тие забележале нешто што личело на мечка кој пробува да излезе низ прозорецот од станот.

Соседите за тамошните медиуми изјавиле дека првата помисла била дека тоа е шека, но кога ја согледале сериозноста на ситуацијата веднаш пријавиле во полиција.

“Еден од моите соседи пријави во полиција. Кога пристигнаа полицијата заедно со експерти за дивиот свет, откриле дека мечката била заклучена само во станот, а нејзиниот сопственик отишол во своето село на одмор” – стои во изјавата на еден од соседите.

 Чување и одгледување на диви животно е строго забрането во Малезија, па така жената која била и победник на ријалити шоу завршила зад решетки и ја чека судење.