Уапсени тројца осомничени за тројното убиство во Белград, три тела пронајдени во јама
Почетна Регион Случувања

Уапсени тројца осомничени за тројното убиство во Белград, три тела пронајдени во јама

Три лица се уапсени поради помагање во тројното убиство во Сурчин за кое осомничен е 25 годишниот Драгослав Јовановиќ.

Уапсени се 31 годишниот М.С. поради сомнение дека извршил кривично дело убиство во сооучество, 22 годишниот Л.Д. убиство со помагање и Н.Ќ. кој се сомничи за кривично дело помош на сторителите после извршеното кривично дело, соопштило српското МВР.

Првичните сопненија се дека мотивот за убиството е поради паричен долг. На осмничените  М.С., Л.Д. и Н.Ќ. им е одредено задржување од 48 часа, после што ќе бидат изнесени во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Имено, телото на Неџа Ш, неговата мајка Даринка и неговата тетка Милјана беа пронајдени синоќа во околу 23 часот во септичка јама зад трговскиот центар во Сурчин на имот кој му припаѓа на Љубомир Јовановиќ, татко на осомничениот Драгослав, додека пак нивното исчезнување е пријавено на 10ти јуни оваа.