Утринава пронајден 64 годишен маж во бессознание во Скопје
Македонија Почетна Случувања

Утринава пронајден 64 годишен маж во бессознание во Скопје

На 11.09.2019 во 05.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, под надвозникот „Маџари“, на коловозната лента за излез од Скопје, лежело машко лице во бессознание. 

Лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а по преземени мерки било утврдено дека станува збор за  64 годишниот Д.Ј. од Скопје. 

На местото не биле пронајдени траги од насилство. Се работи на расчистување на случајот.