Понеделнечка вицотека: Вицови кои ќе ве насмеат со солзи
Вицотека Забава Почетна

Вицови кои ќе ве насмеат со солзи

1# Човек во кафана

Влегува човек во кафана и се дере:
– Сите политичари се кретени!
Станува еден од гостите и му враќа:
– Еј, немој да вреѓаш!
– Што, ти си политичар?
– Не, јас сум кретен

2# Цајкани

Дошол цајкан кај шефот и му вели:
– Шефе, сепак ние цајканите не сме најглупави…
– Зошто?
– Па прашувам еден човек колку е часот, а овој ми вика 5 и 5 наместо одма да ми каже 10.

3# Библиотека

Седи студент во библиотека и шмека некоја студентка. Девојкава приметила и му вика на дечкото:
– Не ме гледај така моево срце припаѓа на друг.
А тој и вели:
– Ајде, ајде имаш ти и други органи.

4# Шајка

Во одделението за итна медицинска помош влегува маж со забиена шајка во главата.
Докторот:
– Да ја вадиме ли?
– Да!
– 500 евра!
– Ама јас сум здравствено осигуран!
– Со здравственото осигурување можеме само да ти ја искривиме за да не ти пречи…

5# Трпе на одмор

Трпе се враќа од годишен одмор. Колегите го прашуваат:
– Трпе, како си помина на одмор?
– Исто како во војната – одговара Трпе.
– Е како тоа? – прашуваат колегите
– Епа така. Јас бев во шумата, а Германците во хотелите.

6# Пресуда за Трпе

– Господине Трпе, осудени сте за кражба на 2 тона железо!
– Ама не јас господине судија, децата го украдоја.
– Е како може децата да украдат 2 тона железо?
– Па деца све тије, што разбирет, го нашле, го кренале..