(Видео) Обилни врнежи на снег во Хрватска
Почетна Регион Случувања

(Видео) Обилни врнежи на снег во Хрватска

Снежна идила во месец мај во Хрватска. Од утрово во некои делови на Хрватска врне снег, особено во Сљеме, Завижан, и Горски Котар.

Според тамошните медиуми, температурата е далеку пониска од вообичаеното за ова враме и дува засилен ветер кој придонесува појава на снег.

Пред само две недели имавме појава на снег во Словенија и Црна Гора. На Жабљак и утрово паѓаше снег, а температурата изнесуваше нула степени.

Стабилизирање на времето се очекува кон крајот на овој викенд и почетокот на следната работна недела.