Видео од срушувањето на мостот во Кина, има загинати и исчезнати
Почетна Свет Случувања

Видео од срушувањето на мостот во Кина, има загинати и исчезнати

Трагедија во Кина, две лица се уште се водат за исчезнати. Се сруши еден мост на кој се ноаѓаа голем број возила.

Од мостот се срушиле вкупно 120 метри, спасувачките екипи успеале да спасат 44 годишен маж кој бил во својот автомобил, додека пак две лица се водат за исчезнати.

Целата ситуација е снимена од страна на безбедносните камери каде се гледа со голема брзина се руши дел од мостот на кој има голем број возила. Мостот се наоѓа во Донгџијанг во провинцијата Гуангдонг. 

Како што пренесуваат тамошните медиуми, веднаш е отворена истрага која треба да ги открие причините за несреќата.