(ВИДЕО) Трагедија во Тајван, огромен мост и цистерна со нафта се урнаа во рибарски бродчиња
Македонија Почетна Случувања

(ВИДЕО) Трагедија во Тајван, огромен мост и цистерна со нафта се урнаа во рибарски бродчиња

Несреќа во Тајван, заоблениот мост со должина од 140 метри се урна врз неколку рибарски бродови и се претпоставува дека најмалку шест члена на екипажот се заробени токму во нив.

Најмалку девет лица завршиле во вода, а според официјалните информации до сега седум се спасени.

Шест од лицата се со сериозни повреди, но се стравува дека има и исчезнати, велат властите.

За време на уривање на мостот, на него се наоѓал камион кој превезувал танкер со нафта, кој кратко потоа се запалил.

Во потрагата биле вклучени воен хеликоптер, рибарски бродови и повеќе од 60 професионални војници и нуркачи обичени за таа ситуација.