Влезницата во Зоолошката градина поскапува, се најавува и мини зоолошка каде ќе бидат сместени бебиња животни
Македонија Почетна Случувања

Влезницата во Зоолошката градина поскапува, се најавува и мини зоолошка каде ќе бидат сместени бебиња животни

Поскапуваат билетите за влез во Зоолошката градина во Скопје. До сега билтетот чинеше 50 денари но после промената ќе биде 80. Одлуката за поскапување на билетот е поднесена до “Град Скопје” каде треба да биде разгледата. Во случај на усвојување, поскапувањето на билетот може да се очекува крајот на месец мај или почетокот на јуни.

Во сооштение стои дека одлуката се должи на тоа што е зголемен бројот на животни и бројот на забавни содржини па и трошоците се далеку повисоки од претходно. Поскапувањето на билетите наиде на негативни коментари од посетителите но останува да видиме дали одлуката ќе се усвои. 

Исто така на официјалниот профил на Зоолошката градина стои дека летово ќе бидат отворени нови содржини кои ќе имаат дополнителна влезница од стандардната. Се работи за паркот на диносаурусите кој ќе чини 50 денари и таканаречената мини зоолошка каде ќе бидат сместени бебиња животни и ќе чини дополнителни 20 денари.