Кривична за три лица од Куманово, со помош на лажни платежни картички заработиле милионска сума
Македонија Почетна Случувања

Внимавајте на вашите лични работи: Зел паричници од две вработени и си ги користел електронските картички

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против 40 годишниот Д.Б. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и навлегување во компјутерски систем“.

Како што пренесуваат од МВР, на 19.06.2019 година во Неготино, во просторија од приватна фирма, пријавениот одзел паричници на две вработени, во кои имало парични средства и електронски картици.

Истиот ден ги употребил електронските картици и направил 13 трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист.