Во Индонезија загинаа 50 лица, над 60 се повредени
Почетна

Во Индонезија загинаа 50 лица, над 60 се повредени

loading...
loading...

Официјално потврдено, најмалку 50 лица загинаа, а над 60 се повредени во поплавите кои ја погодија индонезиската провинција Папуа, соопштија тамошните медиуми.

Како последица од силниот ветар и поројните дождови кои ја зафатија вчера областа околу главниот град на провинцијата, Џајапура, предизвикаа поплави од големи размери.

Најкритично погоден е градот Сентани, каде спасувачките екипи се уште трагаат по преживеани, но се стравува дека бројот на жртвите би можел драстично да се зголеми.

loading...