Во Мароко запленети околу 4 тони хашиш
Почетна Свет Случувања

Во Мароко запленети околу 4 тони хашиш

Властите во Мароко вчера соопштија дека заплениле поголема количина на хашиш, околу четири тони во близина на Тангера.

Целата дрога била скриена во товарен камион кој поседувал лажни регистерски таблички. Според податоците од организациите за борба против дрогата, Мароко е еден од најголемите производители и извозници на хашиш.

Ова не е прва голема акција на властите во Мароко, полиција во 2018 година заплени околу 52 тони смола канабис, 1,65 тони кокаин и 1,3 милиони таблети екстази. Заплената на црниот пазар би постигнала и сума од една милијарда долари.