Желба За Живот: Куче Пронајдено Во Рушевини После Еден Месец Од Ураганот Доријан
Забава Занимливости Почетна

Желба за живот: Куче пронајдено во рушевини после еден месец од ураганот Доријан

Чудо се случи на Бахамите, спасителите останале изненадени откако на подрачје кое е целосно уништено од ураганот Доријан пронашле живо куче кое било затрупано во рушевините без храна и вода цел месец.

Кучето било целосно изнемоштено и изгладнето, под рушевините поминало околу еден месец.

Инаку, станува збор за искусна спасувачка група која досега успеала да пронајде и да спаси над 100 кучиња во загрозените подрачја од природни катастрофи, тие не можеле да поверуваат дека ова куче преживеало цел месец заглавено под урнатините.

Кучето е премногу слабо и е во лоша здраствена состојба, но за негова среќа е пронајдено од спасувачите и добило име Миракл(чудо).

Спасувачите се надеваат дека опоравувањето е можно и кучето брзо ќе закрепане па и ќе си ги пронајде своите сопственици.